Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, концептот на ILECU ќе се проверува преку решавање на симулиран комплексен случај од областа на организираниот криминал. Случајот ќе има елементи на насилство, инволвираност на банди, киднапирања, трговија со дрога, перење пари и подготовки за одземање на имотна корист. Во симулацијата ќе учествуваат по четворица припадници на ILECU единиците од трите земји, како и по еден претставник од обвинителството за организиран криминал.
Инаку, завршниот дел од симулацијата ќе биде од отворен карактер за медиумите, а почетокот е од 13:30 часот на просторот меѓу хотелите „Силекс“ и „Славија“ во Охрид.