Рекетот со кој Ѓоковиќ го освои првиот трофеј на Ролан Гарос продаден на аукција за 107 илјади долари
04.12.23 11:44
Рекетот на Новак Ѓоковиќ беше продаден на американска аукција за спортски сувенири. Конечната цена на рекетот со кој Србинот го освои Ролан Гарос 2016 година изнесуваше 107.482 долари.
Според описот на аукциската куќа, ова е рекетот кој Ѓоковиќ играше во финалето против Енди Мареј. За време на меч-топката Србинот имаше поинаков рекет во рацете, но со овој ја славеше победа цртајќи срце на теренот. После тоа го фрли рекетот на трибините. Рекетот го стави на продажба Еби Доерти која го фати вредниот сувенир.
На тој турнир, Ѓоковиќ комплетира кариерен Грен слем станувајќи во тој момент шампион на сите четири најголеми турнири.
ГРК Охрид денес и утре во СРЦ „Билјанини извори“ ќе го одигра двомечот со литвански Драгунас Клаипеда во рамки на третото коло од ЕХФ Европскиот куп Ракометарите се надеваат на победа во двата натп...
Очекувам тешки натпревари со литванскиот тим, затоа што ќе го играме нашиот трет и четврт меч во девет дена Исто така во два дена играме два натпревари Се надеваме дека на првиот натпревар можеме д...
Во сабота на „Билјанини Извори“ во рамки на 12 коло од 2 МФЛ ќе биде одиграно дерби помеѓу Охрид и Беласица Пред фудбалерите на Охрид е уште еден важен натпревар во борбата за пласман во Првата лиг...