Наглото затоплување брзо го топи снегот кој наврна изминатите денови. Низ струшките улици буквално течат реки, пешаците мака мачат да преминат од една на друга страна, а автомобилите како чамци се движат низ водата. Вчера попладне интервенираше механизација во обид да го расчисти растопениот снег, но движењето по струшките улици и натаму се одвива крајно отежнато.


Реки вода течат низ струшките улици

OhridNews