Завршени се работните активности за реконструкција на тоалетите во подрачниот училишен објект на ООУ „Кочо Рацин“ во село Долно Лакочереј, информираат од Општина Охрид.

Извршена е нивелација на подовите во тоалетите, поставени се нови подни плочки и извршена е демонтажа и монтажа на санитраните елементи, додаваат во соопштението.

Активностите, велат, се реализирани со средства од буџетот на Општина Охрид во рамки на Програмата за капитални инвестиции во областа на основното образование.

OhridNews