Започна втората фаза од реконструкцијата на културно-историскиот дом во село Требеништа. Реконструкцијата опфаќа повеќе компоненти велат од Центарот за развој на Југозападниот плански регион.
Ќе се подигне нивото на енергетската ефикасност на објектот преку изолација на внатрешни и надворешни ѕидови со термоизолација, изолација на таваните, промена на внатрешни врати, нови санитарии, нова електрика и нов водовод и канализација, додаваат
Со одобрените средства целосно ќе биде завршена реконструкцијата на објектот (приземје и кат и внатрешен и надворешен дел ), без големата сала, велат од Општина Дебрца.
Средствата, во износ од 3.500.000 денари се обезбедени од Програмата за рамномерен регионален развој за 2021-2022 година, а 299.000 денари се учество на Општина Дебрца, додаваат.
Активностите се одвиваат во рамките на проектот „Подигнување на енергетската ефикасност на јавните објекти“.
Н.С.Ј.












