Започнаа активностите за целосна реконструкција на повеќенаменското игралиште во Долно Коњско, информира на фејсбук профилот градоначалникот Кирил Пецаков.

Согласно проектот предвидено е да се изврши целосна замена на заштитната ограда и да се изврши санација на спортските реквизити. Овие активности се резултат од постојаната комуникација што ја практикуваме со охриѓани, стои во објавата.

Вредноста на зафатите, се додава во објавата, изнесуваат околу 230 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

OhridNews