СДСМ и градоначалникот Јован Стојансоки ветуваа транспарентност и услужна општина за сите. Граѓаните никако да ја видат ветуваната транспарентност, а Стојаноски тоа го докажа и со наводната јавна презентација на проектот “Реконструкција на Кеј Македонија“, oбвини денеска на пресконференција опозициската ВМРО ДПМНЕ.
-ВМРО-ДПМНЕ го повикува Стојаноски јавно да го презентира проектот, не преку една до две фотографии и да објасни пред охриѓани зошто претходно сметаше дека со овој проект влегуваме во една скапа инвестиција за којашто немаме испитување на мислењето на граѓаните, дека самите биле сведоци за кејот дека е во една добра состојба и дали како што трвдеше тогаш и сега влегуваме само во една ваква непродуктивна инвестиција само за да се исперат пари?-рекоа од ВМРО ДПМНЕ.
Се што правиме, правиме со анализа, одговараат од локалната самоуправа.
-Кејот, а со него и централното градско подрачје се лицето на Охрид и тукап осетителите го стекнуваат првиот впечаток за градот. Токму затоа правиме максимални напори градот да добие современ кеј, што е дамнешна желба на сите охриѓани, а не парцела со бекатон плочки, кои мора да ги местиме ипреместуваме со секое поголемо невреме. Нека ја завршат прво експертите својата работа, државните органи и институции, па јавноста ќе има детален увид во се` што е планирано, но и во начините на кои ќе се финансира целиот проект, влијанието на истиот врз животната средина и сите останати аспекти на еден ваков проект.-одговорија на обвинувањата од општина Охрид, најавувајќи дека деновиве јавноста преку отчетот на градоначалникот Стојаноски ќе биде информирана за се сработила и работи локалната самоуправа во изминатата година.












