Кандидатот за градоначалник на Охрид Кирил Пецаков поддржан од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ како дел од приоритетните проекти во програмата за претстојните локални избори денес го најави четвртиот кој се однесува на реконструкција на домовите на култура во Љубаништа, Кошишта и Црногорци.
Културата е срцето на Охрид!Инвестираме во нашата културна инфраструктура, бидејќи веруваме дека сите заслужуваат квалитетен простор за уметност, едукација и дружење. Домовите на култура се места каде што се раѓаат спомени и се создаваат приказни. Заедно инвестираме за подобра иднина за сите!, вели Пецаков.
OhridNews