Реконструкцијата на западната трибина на стадионот Билјанини Извори официјално почнува во понеделник. На настанот предвидено е да бидат присутни претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и градоначалникот Кирил Пецаков.

Според истиот, новата западна трибина се очекува да има капацитет од 3.500 седишта и дополнителни простории, вклучувајќи 8 скај-боксови за ВИП зони. Ова е вториот инвестициски проект на ФФМ во стадионот во Охрид, по изградбата на источната трибина според меѓународни стандарди
Покрај инвестициите на ФФМ, со овој договор Општина Охрид се обврзува да ги изгради и двете трибини зад головите, како и осветлувањето, со што стадионот ќе се трансформира во модерен спортски објект спремен за одржување на меѓународни натпревари, вклучувајќи ги и оние на македонската А репрезентација.
Н.С.Ј.










