Започнаа работни активности за реконструкција на санитарните јазли во подрачниот училишен објект на ООУ „Ванчо Николески“ во село Косел, информираат од Општина Охрид.
Извршено е поставување на нови ѕидни и подни плочки, а планирано е да бидат поставени и нови санитарни елементи. Во текот на наредниот период ќе биде изградена и настрешница во дворот на училиштето, велат во соопштението.
Исто така, додаваат, во моментот во тек се и работни активности за промена на олуците на подрачниот училишен објект на ООУ „Ванчо Николески“ во село Куратица.
Активностите, потенцираат од Општина Охрид се дел од годишната програма за образование на општината, а средствата се обезбедени од општинскиот буџет.
OhridNews













