Реализацијата на проектот на локалната самоуправа за реконструкција на дрворедите на градските улици ќе продлжи по завршувањето на туристичката сезона, затоа што овој период приоритет ќе има уредувањето на новиот парк на пешачката патека кон Инекс Горица, информираат од локалната самоуправа. 


Реконструкцијата на дрворедите која започна во септември минатата година на улицата „Димитар Влахов“, ќе продлжи заедно со активностите на улицата „Јане Сандански“ каде исто така се предвидени одредени зафати за реконструкција.

Во првата фаза од проектот беа исечени дрворедите од липа кои беа заменети со садници од дрвото „Лигуструм“.


Реализацијата на проектот за зелена урбанизација на Охрид беше поддржан и на дебатата што се одржа во месец март минатата година, на која учествуваа претставници на Локалната самоуправа, јавните претпријатија, експерти и екологисти.

OhridNews