По една година најави и медиумски пишувања, официјално пропаднаа најавите дека градскиот кеј во Охрид ќе добие нов лик. Локалната самоуправа реши да распише нов тендер за реконструкција на Кејот Македонија.
Официјално засега не се соопштува што било причината за пропаѓање на првиот тендер кој започна со усвојување на одлука од советничкото мнозинство пред една година.
OhridNews во повеќе наврати побара информации од локалната самоуправа за најавениот проект, но освен дека се работи на идејното решение, други детали на јавноста не и беа соопштени.
Во новиот јавен повик финасиската конструкција за реконструкција на кејот останува иста 1,2 милиони евра, а рокот на изградба е 15 месеци.
OhridNews