Реконструкцијата на охридскиот аеродром ” Свети Апостол Павле” се одвива според договорената динамика и се очекува да заврши за два месеци. Со тоа градот и регионот ќе добијат современ аеродром кој ќе го поврзува Охрид со многу светски дестинации, најави премиерот Никола Груевски, по неговата посета на охридскиот аеродром.

Според најавите, концесионерот- турската компанија ТАВ, ќе направи максимални напори за да ја зголеми динамиката на слетувања на охридскиот аеродром и надвор од летните месеци. Со цел да придонесе кон поголем број гости кои ќе го посетат регионов, ТАВ предвидува да понуди и пакет аранжмани за странските туристи.

Во 2008 година, македонската влада и ја додели концесијата на  турската компанија ТАВ  со која наредните 20 години ќе стопанисува со охридскиот и скопскиот аеродром. При тоа , концесионерот се обврза дека на охридскиот  „Св. Апостол Павле“  ќе изврши реконструирање на постоечкиот паркинг, реновирање на објектите во карго центарот, изградба на ВИП објект.

OhridNews