Првиот човек на „ТАВ аеродроми„, Мурат Орнекол денес во Скопје соопшти дека оперативните работи на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ ќе бидат завршени до крајот на месецов, пренесува „Макфакс“.

Реконструкцијата пак на скопскиот аеродром „Александар Велики“ ќе заврши во планираниот рок октомври 2011 година.

Мурат информираше и дека сообраќајот на „Александар Велики“ во 2010 година бележи раст од 13,7 отсто со 700.000 патници, а на „Св. Апостол Павле“ има раст од 20 отсто со 45.000 патници.

„Очекувам Македонија во блиска иднина да игра важна улога во авионскиот транспорт што се должи на нејзината близина со поголемите европски центри и високиот сообраќаен потенцијал“, изјави Орнекол.

Турската компанија „ТАВ“ доби концесија за 30 години за двата македонски аеродроми, чија реконструкција ја почна во март минатата година.

OhridNews
извор: „,Макфакс“