До крајот на март и почетокот на април, треба да биде комплетно завршени отпочнатите градежни активности за санација на санитарните јазли и промена на фасадата во ОУ „Живко Чинго“ Велгошти, најви Министерот за оброзавание на наука, Спиро Ристовски, при денешната посета на оваа образовна установа.

Денеска бев во посета на ОУ „Живко Чинго“, со цел да видам како се одвиваат активностите околу градежно занатаските работи, кои се одвиваат во рамките на ова училиште. Имено, се менуваат комплетно санитарните јазли и се подготвува промена на фасадата. Очекувањата на министерстовото, а врз основа на реализација на фирмата која го изведува целиот проект, крајот на март или почетокот на април, треба да биде завршена санацијата со комплетни нови санитарни јазли и енергетско ефикасна фасада.“ – изјави Ристовски.

Тој потенцира дека се издовени и 6 милиони денари за реконструкција на ОУ „Кочо Рацин“ во населбата „Радојца Новичиќ.“

Издвоени се средства за реконструкција на кровот и санитарните јазли во ОУ „Кочо Рацин“, но со оглед на тоа што е неопходно да биде релизирана во период кога нема настава, истиот тој процес ќе се реализира во текот на летото, за веќе од септември да може да биде функционално тоа училиште.“ – потенцира ресорниот министер.

Инаку, Министерот за обрзаование и наука денеска беше во посета на охридско-струшкиот регион, со цел да увиди како се одвиваат проектите кои измиинатиот период беа најавени од Владата.

O.T.