И покрај најавите, се уште не е почната изградбата на репликата на традиционалниот охридски чун од кој треба да се фрла крстот во осветените езерски води за празникот Водици. Идејата беше промовирана пред неколку години, но таа не се реализира. Од здружението „Богојавление“ велат дека ветувањето не го исполниле кумовите на Водици во 2010 година, и дека се бара алтернативно решение.

-Ние сме во контакт со компанија во Кавадарци која прави балвани од кои може да се изгради чунот, но ќе видиме што може да се направи. Секој кум треба да го вети тоа што може да го исполни во рамки на своите можности. До сега сите ветувања од кумовите беа исполнети, освен ова, па ги повикуваме да го исполнат дадениот збор.-изјави претседателот на „Богојавление“ Љупчо Арнаудов.

Според здружението, доколку се реконструира стариот охридски чун, ќе го збогати одбележувањето на празникот Водици.

OhridNews