Денешните избори во Македонија  ќе ги следат рекорден број домашни и странски набљудувачи.

Околу 7.000 набљудувачи ќе го надгледуваат изборниот прецес. Најбројни се од граѓанската асоцијација „Мост“ -3750. Поради минатогодишните искуства, овие избори ќе бидат повнимателно надгледувани од околу 500 претставници на меѓународната заедница, а најмногу, околу 300, се од ОБСЕ/ОДИХР.

Овие избори се сметаат за клучен тест за демократските капацитети на државата и прв услов за отпочнување на преговорите за членство со ЕУ и визната либерализација. По минатогодишните слабо oрганизирани Парламентарни избори, на кој имаше пукање и жртви, Македонија нема право на грешка на денешните избори. Оттаму политилчките партии, државните институции, но и граѓаните се исправени пред голем тест, од кој во голема мера зависи иднината на земјата.

OHRIDNEWS