Европското првенсто во фудбал кое ќе се одржи претстојното лето во 12 градови ширум стариот континент ќе има рекорден награден фонд и ќе изнесува неверојатни 370 милиони евра.

Наградниот фонд на ЕП 2020 е за 70 милиони евра поголем од оној на ЕП во 2016 година. Европската куќа на фудбалот (УЕФА) направи табела со скалила за распределување на рекордниот награден фонд.

Секоја селекција која ќе обезбеди пласман на ЕП ќе инкасира по 9,25 милиониПобеда во фазата по групи изнесува 1,5, а за реми се добива по 750 000 евра. За поминување на првата фаза и учество во нокаут мечевите селекциите ќе добиваат плус 2 милиони евра. Пласман во 1/4 финалето носи 3,25 милиони евра, а учество во полуфиналето 5 милиони евра. Шампионот на Европа ќе инкасира дополнителни 10 милиони евра.

Според проценките на УЕФА, победникот на ЕП може да инкасира 35 милиони евра што е за 10 милиони евра повеќе од заработката кога Португалија пред четири години стана шампион. „Селесао“ заработи 25 милиони евра, а финалистот Франција 23,5.

Сепак, најголем добитник во целата организација на ЕП покрај домаќините е УЕФА која во Франција од сите спонзорски пакети заработила 830 милиони евра.

OhridNews