Актуелниот европски и германски фудбалски првак Баерн од Минхен објави дека во сезоната 2012/13, остварил рекордни финансиски приходи во својата 113 годишна историја.


Баварците заработиле 393 милиони евра, што е 61 милион повеќе од сезоната 2011/12, а откако ќе бидат одбиени издатоците му останале 82,2 милиони евра чиста заработка. Минатата година добивката на Баерн била 57,4 милиони евра.

„Со овие финансиски резултати станавме дел од најголемите светски клубови“, рече финансискиот директор на Баерн Јан-Кристијан Дресен.

 

„Макфакс“