Манчестер Јунајтед долги години важи за спортски бренд број еден во светот, а новите бројки според заработувачката го потврдуваат тоа.

„Црвените ѓаволи“ минатата сезона во имаат остварено рекорден профит 581 милиони фунти, што е за 13% повеќе од сезоната 2015/16.

Рекордниот профит се должи на богатите договори и трите титули кои Манчестер Јунајтед ги освои во првата сезона на Жозе Мурињо во клубот.

Манчестер Јунајтед триумфираше во Лига купот, Супер купот на Англија и Лигата на Европа, која пак му донесе пласман во Лигата на Шампиони.

Оваа сезона во зависност од резултатите „црвените ѓаволи“ повторно ќе имаат можност да остварат рекорден профит кој би достигнал неверојатни 600 милиони.

OhridNews