Љубомир Глигоров од Скопје се спушти на длабочина од 132 метри во Охридското Езеро и постави нов македонски рекорд во длабинско нуркање. Тој нуркаше со мешавина од гасови чија основа е водород кој, за разлика од хелиумот, речиси и да не се користи за ваква намена. Но, Глигоров смета дека користењето на водород за техничко нуркање може да заштеди милиони на светско ниво и подготвен е да ги сподели своите сознанија само доколку истите не бидат злоупотребени.

За Охридското Езеро вели дека има исклучително голем потенцијал за развој на нуркачки туризам кој е многу малку искористен и најави нов подвиг ова лето.

За рекородот, нуркањето со водород, предизиците и опасностите, со Љубомир Глигоров разговараме во емисијата Спорт + на Охридњуз.

Рекордерот Љубомир Глигоров во Спорт+: Со водород на 132 метри длабочина видов прекрасни подводни пејзажи во Охридското Езеро кои треба да се доживеат

Г.М.