Винс Картер ќе одигра уште една вкупно 22-ра сезона во најквалитетна лига во светот, откако потпиша договор со екипата на Атланта Хоукс.

Легендарниот кошаркар ако одигра барем еден натпревар во новата сезона ќе стане рекордер, бидејќи никој кошаркар до сега не одиграл 22 сезони во НБА лигата.

„Еир Картер“, минатата сезона ја помина помеѓу „јастребите“ а челниците и тренерот биле максимално задоволни од ангажманот на Картер и затоа се одлучиле за продолжување на соработката. Тој настапи на 76 натпревари со просек од 7,4 поени.

Пред да се пресели во Атланта, Картер го носеше дресот на Сакраменто, Мемфис, Далас, Феникс, Орландо, Њу Џерси и Торонто. Картер во текот на кариерата осум пати беше дел од собирот на сите ѕвезди а сезоната за паметење имаше во Торонто кога заврши втор стрелец позади кошаркарот на Филаделфија, Ален Ајверсон.

OhridNews