Со продадени 46 елитни еко домови во октомври, што е над два пати повеќе од продажбата во октомври минатата година, Адора Инженеринг забележа најголема, рекордна месечна продажба на станови од постоењето на компанијата.
– Рекордната продажба на Адора Инженеринг на 1,5 стан дневно во октомври, се должи на реномето на компанија што нуди еко станови со докажана стабилност, висок квалитет и енергетска ефикасност, верификувано со првиот „енергетски пасош А-класа“ во Македонија, за што постојано и аргументирано ги информираме купувачите и јавноста. Придонес имаат и поволните услови за станбеното кредитирање, со прифатливи каматни стапки и само 15 % учество, а дел од становите се продадени и со субвенции од државата со проектот „Купи куќа, купи стан“, за што огромен интерес имаше на саемот во Скопје. Рекордната продажба на станови што е резултат на посветената работа на сите вработени е сатисфакција и мотив, но и обврска компанијата и натаму успешно да се развива, следејќи и применувајќи ги современите европски стандарди за квалитетно домување во Македонија.“- порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора Инженеринг.
Адора Инженеринг, лидер во високоградбата во Македонија, заклучно со октомври годинава има продадено 270 енергетски ефикасни станови во Скопје и Охрид, што е значаен пораст во однос на истиот период минатата година. За успешното работење, овој градежен бренд има добиено 11 национални и 3 меѓународни признанија, меѓу кои е и Интернационалната европска награда за квалитет, доделена неодамна во Париз, Франција, од Клубот на водечките бизнис и трговски лидери во светот.
OhridNews