Во последните 24 часа се направени 2647 тестирања, а регистрирани се 870 нови случаи на Kовид-19 од кои 26 во Охрид, со кои бројот на активни случаи во градот се искачи на 200.
И натаму најмногу нови случаи има во Скопје 422, следи Тетово со 64, Струмица 55, Битола 29, Прилеп 28, Струга 10…

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 292 оздравени пациенти, 4 од Охрид.
Досега во земјата се направени вкупно 240.658 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 28697, бројката на оздравени пациенти е 19771, на починати е 963, а бројот на активни случаи изнесува 7963.
OhridNews











