Со головите на Френк Лампард во вториот дел Челси извојува победа над Астон Вила 2-1 и го обезбеди третото место кое обезбедува директен пласман во Лигата на Шампиони.


Еден од двата погодоци “Фет френк“ ги постигна во 88-та минута што се покажа како пресуден за победа. Но можеби поголем куриозитет е дека Лампард стана рекордерот по постигнати голови во дресот на Челси вкупно 203.


Со овој триумф “сините“ ја чекираа “визита“ за настапот во Лигата на Шампиони следната година, а Астон Вила до последното коло ќе трепери за опстанок во елитата.

Мх.П.