Рекордно производство на струја во Х.Е. Шпилје, општина Охрид загрижена за водостојот
04.06.10 10:20
Хидроелектраната Шпилје во првите 5 месеци го надминала годишниот план за производство на електрична енергија. Од електраната соопштија дека „Дебарско Езеро“ по три месеци истекување повеќе не се прелева и дека не се памети толку високо ниво на вода во последните 4 децении.
Од друга страна нивото на Охридското Езеро како никогаш до сега во јуни е високо над утврдениот максимум. Локалната самоуправа е загрижена за таквата состојба, која според неа, негативно се одразува на екосистемот, а штета трпи и колекторот. Градоначалникот Петрески смета дека тоа е неодговорен однос и најави кривични пријави против одговорните за таквата состојба.
-Нивото на Охридското Езеро сега е 18 сантиметри над горната утврдена граница и некој за ова треба да одговара затоа што тоа според мене е најголем криминал на деценијата што е направен кон Охрид, Охридското Езеро и државата. Некој остварува екстра профит од производство на електрична енергија од водите на Охридското Езеро кое наместо како светско природно наследство се третира како акумулација и општина Охрид ќе поднесе кривични пријави против одговорните за таквата состојба.-рече Петрески.
Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) работи на проширување на коловозот на патниот правец Р2234, од селото Долно Татеши до селото Мислодежда, струшко во должина од 3500 метри и вредност о...
Во рамките на своите редовни промотивни активности и поддршка на роднокрајните автори во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид беше промовирана седмата стихозбирка на поетот Н...
Поради два одделни настанати дефекти, прекин во водоснабдувањето има во сЉубаништа и на улиците „Асном”, „Сирма Војвода” и „Карпош Војвода”, информираат од ЈП Водовод Охрид Посочу...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.