Како што потенцираат од Државниот инспекторат за земјоделство (одделение за инспекциски надзор од областа на рибарството и аквакултурата) од Охрид надзорите ќе се интензивираат во наредниот период. При тоа ја потенцираат потребата рекреативните риболовци доследно да го почитуваат Законот за рибарство и аквакултура.
Од Државниот инспекторат за земјоделство (одделение за инспекциски надзор од областа на рибарството и аквакултурата) од Охрид ги информираат сите рекреативни риболовци кои ќе бидат затекнати при вршење на рекреативен риболов на одредена риболовна вода каде има концесионер за организирање на рекреативен риболов согласно Законот за рибарство и аквакултура дека нивна Законска обврска е истите да поседуваат важечка рекреативна легитимација издадена од Македонска риболовна федерација и дозвола издадена од концесионерот на рибниот фонд од соодветната риболовна вода.












