Без голови и без победник (0-0) заврши контролната пресметката помеѓу Македонија и Финска која двете селекции ја одиграат во турскиот град Белек.

„Црвено жолтите“ имаа повеќе прилики за водечки погодок, но ниту еден од обидите не заврши позади грбот во мрежата на финскиот голман.

Со ремито против Финска избраниците на селекторот Игор Ангеловски ја продолжија позитивната серија без пораз на шест мечеви.

А репрезентацијата вториот контролен меч на подготовките во Белек ќе го одигра против Азербејџан во вторник.

OhridNews