Без победник 2-2 заврши дербито во Премиер лигата помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул.  Од ремито на “Етихад“ најмногу профитираше Манчестер Јунајтед, кој пред вторпласираниот Сити има девет бодови предност на врвот од табелата во Премиер лигата.


“Граѓаните“ беа тие кои први го пронајдоа патот до мрежата откако Џеко во погодок го претвори прецизното додавање од Милнер. Покрај голот подобрата екипа во дербито Ливерпул не се предаде и за само шест минути изедначи.

“Црвените“ продолжија со одличната игра во вториот дел, а тоа го капитализираа со погодокот на Стивен Џерард. “Граѓаните“ до реми во дербито стигнаа, со голот на Агуеро по киксот на голманот Пепе Реина. 

Резултати : ВБА – Тотенхем 0-1, Мен Сити – Ливерпул 2-2.

Табела : Мен Ју 62 бодови, Мен Сити 53, Челси 46, Тотенхем 45. . .

Мх.П.