Без победник (1-1) заврши дерби пресметката Арсенал – Лестер на „Емирати“ во 34-та рунда од англиската фудбалска елита. Двете екипи можат да бидат задоволни со освоениот бод со оглед на одвивање на настаните во дербито. „Топчиите“ со голот на Обамејанг поведоа со 1-0. Во 75-та минута домашните фудбалери останаа со играч помалку после директниот црвен картон на Нкетија. Лестер, бројчаната предност ја искористи за еден погодок и реми. Стрелец беше Варди.

Резултати:

Арсенал – Лестер 1-1

Кристал Палас – Челси 2-3

Ватфорд – Норвич 2-1

OhridNews