Македонската репрезентација до 19 година во Струга ремизираше без голови 0-0 со соодветната селекција на Полска.


“Црвено-жолтите“ во воведот на натпреварот доминираа на теренот и  пропуштија серија  одлични прилики да го загрозат голот на полјаците. Прв се обиде капитенот Ристовски кој биеше покрај голот, двојната комбинацијана Симоноски и Мицевски со удар кон голот ја заврши Алијоски но Шумски беше на место. Репрезентацијата на Полска најдобрата прилика ја имаше преку Голански кој од  непосредна близна шутираше во добро поставениот Ефремов.


Избраниците на Бочески вториот дел го започнаа мошне агресивно, по стартот од зад грб на Најдовски, главниот арбитар Шулески му додели втор жолт картон и му го покажа патот кон соблекувалните. Дефицитот на фудбалер во македонскта селекција до крајот на мечот не се осети, ангажираноста и пожуртвуваноста ги одведе “надежите“ до нерешен исход.


Наредниот натпревар на Македонија и Полска е во Струга на 28 април (четврток) со почеток во 16 часот.

Мх.П.