Македонската женска фудбалска репрезентација го освои вториот бод во квалификациите за Европскиот шампионат.

По “осмицата“ против Русија, “црвено-жолите“ ремизираа против Грција  на гости играјќи 2-2. Стрелец на двата гола беше Гаетана Роки во 23 и 45 минута од мечот.

Македонија е на дното на табелата во својата група, а на наредниот меч на 16 јуни и гостуваме на Италија. Првиот меч Италијанките го добија со 9-0.

Ohridnews