Охридските фудбалери извлекоа реми на вториот контролен натпревар во пред сезоната. Со голот во последната минута охриѓани на Билјанини ремизираа 1-1 со прволигашот Напредок од Кичево.
– Одигравме еден квалитетен натпреавар против прволигашот. Се уште сме на стартот, нозете се тешки, но задоволен сум како од својата така и од играта на мојата екипа – ни рече охридската “десетка Ристе Маркоски.
Наредната контрола охриѓани ке ја имаат против уште еден прволигаш тимот на Силекс.












