Без победник 1-1 заврши источната пресметка меѓу Полска и Русија во вториот меч од А групата. Бодот беше доволен за “зборнајата“ да обезбеди пласман во нокаут фазата.

Најдобриот стрелец на турнирот Џагоев го отвори резултатот во 37 минута. За рускиот напаѓач ова беше трет гол на шампионатот.

По еден час игра домаќините успеаа да го пронајдат патот до мрежата на Маланфев, со суперпогодокот на Блажуковски.

До крајот на мечот двата тима не секаа да го расипат ремито, кое на избраниците на Дик Адвокат им донесе пласман понатаму, додека домаќините во последната рунда ќе мора да ја совладаат Чешка.