Погодокот на Кристијано Роналдо во ремито (1-1) со Виљареал пред своите навивачи беше тридесетти сезонава за Португалецот во Примера.


Напаѓачот на „кралевите“ е прв фудбалер во светот кој постигнал триесет погодоци во една сезона пет пати во низа.

Четири сезони по ред „магичната“ бројка од 30 голови ја минувал Лионел Меси, но Роналдо за сега е единствениот, кој пет пати постигнувал триесет или повеќе.

Сепак, рекордот ништо не вреди бидејќи „кралевите“ не успеаја да го совладаат Виљареал и да ја продолжат битката за титулата.

Мх.П.