Актуелниот првак на Шпанија, Реал Мадрид сезонава не наликува на себе на мечевите од Ла Лига. “Кралевите“ без првата виолина во составот Кристијано Роналдо одиграа без голови против Осасуна на гостински терен.


Ремито и слабата претстава на “кралевите“ ја зачини Бразилецот Рикардо Кака кој нествојствено за него заработи црвен картон.

Резултати : Осасуна – Реал Мадрид 0-0, Валенсија – Севиља 2-0, Еспањол – Селта Виго 1-0, Ваљадолид – Мајорка 3-1.

Табела : Барселона 52 бодови, Атлетико Мадрид 41, Реал Мадрид 37, Малага 31. . .

Мх.П.