Германија, Шведска, Италија, Полска и Бугарија – добитници на наградата
“ЗЛАТЕН ОСТЕН“ на минатата 38-ма Светска галерија на цртеж – Скопје
2010. Во Охрид уметниците ќе творат цртежи и слики, кои потоа ќе бидат
оценувани од меѓународно жири и ќе бидат доделени следните награди:
-Гран При – 10.000$
-Посебна награда на Остен – 5.000$
-3 први награди – по 5.000$
“ОСТЕН“ е препознатлив бренд во областа на карикатурата, уметноста,
слободната мисла и слободното творештво уште од 1945, голем љубител на
уметноста и пасиониран колекционер на уметнички дела. Светската галерија
на карикатури и Светската галерија на цртеж повеќе од 65 години ги
презентираат светските уметници на карикатурата и цртежот.
Од оваа година, Остен го најавува прераснувањето на Светската галерија
на цртеж во биенална манифестација. Со цел да се посвети соодветно
внимание на наградените автори на Остен, после секоја Светска галерија
на цртеж ќе се организира престој на наградените уметници во Македонија,
при што продуцираните дела ќе ги бидат оценувани од меѓународно жири.
Ова претставува одлична можност да се промовираат и мотивираат авторите
дополнително да се надградуваат и да напредуваат во своите кариери.