По повод Светскиот ден на пациенти заболени од Ревматоиден Артритис, воедно и  месецот на борба и превенција на болестите од ревматологија, во соработка со министерството за здравство, од понеделник 15-октомври, па во наредните две недели, во одделението за интерни Болести при ЈЗУ Општа Болница, ќе престојува проф. Марина Нада- реномиран ревматолог од клиниката за Ревматологија во Скопје.

Сите заинтересирани граѓани кои имаат тегоби од овој вид, ќе можат да закажат преглед на телефонскиот број 267267, локал 167, секој ден од 9 до 13 часот.

OhridNews