Работнички и Ренова денес ќе го одиграат финалниот натпревар во фудбалскиот Куп на Македонија.

Во пресрет на јубилејното 20-то финале, актерите ветуваат неизвесен, но квалитетен фудбалски натпревар, кој може да биде решен и со момента инспирација на некој од фудбалерите.


Тренерот на Работнички, Роберт Певник истакна дека верува во своите играчи, особено по натпреварот во Турново каде успеаја самодовербата што ја имаат во своите квалитети да ја претворат во сигурна победа и пласман во финалето, воедно тој информира дека нема проблеми со тимот.

Стратегот на „гипсарите” Влатко Костов изјави дека и покрај последните два убедливи порази од Работнички од 5-1 и 3-1 неговата екипа сепак има против игра за „романтичарите” бидејќи го доби првиот меч во Тетово во домашниот шампионат со 3-1.


Последните пресметки на овие два ривала се најава дека ќе има натпревар со многу погодоци, но Костов не верува дека тоа ќе се случи, тој очекува тврд натпревар со малку голови.

„Имаме проблеми со повредени играчи, но до почетокот на натпреварот се надеваме дека се ќе биде во најдобар ред и тогаш ќе знаеме со кој тим ќе настапиме“, рече Костов.

Ренова оваа сезона за прв пат во својата историја избори пласман во завршниот Куп натпревар, од друга страна Работнички ќе го игра своето четврто финале, во претходните три „романтичарите“ освоија две титули.

Победникот во финалето покрај пехарот, ќе си обезбеди и пласман во квалификациите во Лига Европа, во следната сезона.

Финалниот натпревар ќе се одигра во Штип, со почеток во 16 часот.

Ohridnews