Петарда за тимот на Драган Бочески на гостувањето кај лидерот во првенството Ренова. “Ѓаолите“ го претпреа најтешкиот пораз во шампионатот по кој паднаа на шестото место на табелата. До победата “гипсарите“ ги предводеше двојниот стрелец Јанчевски, по еднаш погодија Емини, Бајрами, додека сопствената мрежа ја затресе Вељановски.


Некогаш големото македонско дерби, а сега дерби на дното го доби Вардар кој со 2-1 го победи Пелистер на “Тумбе кафе“. “Парот“ на Ѓурѓевиќ во првиот дел се покажа доволен за триумф на “комитите“ на жешкото гостување. Стрелец на почесниот гол за “чкембарите“ беше Талески.

Минимални 1-0 победи за Металург над Тетекс, односно Х.Турново над Скопје, додека Работнички беше посупешен од Брегалница со 3-1. Единствениот меч без победник го одиграа Силекс и Шкендија играјќи 1-1.

Табела:
 

место   екипа одиграни П Н И голови бодови
1 РЕН Ренова

16  22:8  31 
2 ШКЕ Шкeндијa

16  26:9  29 
3 РАБ Рaботнички

16  20:15  26 
4 МЕТ Металург

16  17:12  26 
5 ХОР Хоризонт Турново

16  18:15  26 
6 НАП Нaпредок

16  17:19  24 
7 ТЕТ Тетекс

16  15:11  23 
8 БРЕ Брегалница 2008

16  16:21  22 
9 СИЛ Силекс

16  16:20  20 
10 СКО Скoпje

16  11:12  19 
11 ВАР Вардар

16  11  12:27  10 
12 ПЕЛ Пелистер

16  12  9:30 

Ohridnews