Екипата на Ренова во Охрид заврши со првиот дел од поготовките за новата сезона и престојните мечеви во Лигата Европа. Актуелниот куп освојувач на првата контрола го совлада албанскиот Фљамуртари со 1-0, благодарение на голот на Јанчевски од пенал. Гипсарите без измени во составот ја пречекуваат новата сезона и мечевите во Европа.
–
Имавме одлични услови за подготовки во Охрид, Имаме добра соработка ние не сакаме да направиме исклучок и да го избегнеме Охрид. Сакаме добро да се подготвиме за што подобра презнетација на мечот во Лигата Европа. Нема промени во играчкиот кадар, отанува оној истиот со кој го завршивме шампионатот и го освоивме купот на Македонија – рече стратегот на Ренов, Влатко Костов.
Противникот во Лигата Европа ќе биде познат по денешната ждрепката е закажана во Нион.
– Посакуваме противник сличен по нашиот рејтинг, но кој и да биде нашиот противник ние ќе одиграме максимално борбено со желба да се надигруваме и да го минеме првото коло – вели Костов.
Ренова генералната проба за евронастапот ќе ја има против Металург. Теренот каде ќе се игра ќе биде дополнително одреден.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com