Одложувањето на стартот на шампионатот во Првата Македонска фудбалска лига за 11 март, ке ги продолжи подготовките на дел од екипите во Охрид.  Па така, екипата на актуелниот освојувач на купот Металург ќе го продолжи својот престој во Охрид.


По добивањето на информацијата за одложувањето на шампионатот, ќе го продолжиме нашиот престој во Охрид. До прва ќе направиме но план за подготовките и со кои противници би одиграле уште некој натпревар – рече стратегот на “металрузите“ Ѓорѓи Христов.

Во Охрид се врати “редовниот“ гостин, екипата на Ренова која и беше еден од тимовите кој бараше одложување на стартот на првенството.

Сметавме дека е потребно да се одложи стартот на шампионатот. Неколкуте екипи кои останаа во Македонија се соочуваа со абнормални услови за работа .  Дополнителен проблем е инфраструктурата, како и функнционирањето на Градскиот стадион во Тетово – рече  Влатко Костов, тренерот на Ренова.

Ренова во Охрид, има договорено пријателска средби со Пелистер, а не е исклучена можноста да одиграат уште еден меч со Охрид и Металург.

Од “ЈП Билјанини Извори“ потврдија дека Градскиот стадион во Охрид ќе биде подготвен за стартот на првенството.

М.П.