Реонот на Дебрца во плиоценот бил заезерен, а во подоцнежните периоди тие езера се исушиле, покажале истражувањата на Македонското лимнолошко друштво кое неодамна ги заврши испитувањата на мочурливите терени во овој реон.
недопрена природа

Белчишкото блато

„Мочуриштата се последните природни филтри на вода кои што ги имаме на територијата на Македонија и државата треба да застане во нивна заштита, поради што финансиски го подржавме овој проект“, истакна државниот секретар во Министерството за животна средина Дејан Паноски.
Сини вирови изобилуваат со вода која извира од повеќе страни што само ја надополнува прекрасната глетка во неповторливата природа. Белчишкото блато сместено на неполни три километри од магистралниот пат Охрид – Скопје по завршување на потребните научни истражувања и соодветната заштита несомнено треба да биде вметнато во туристичката карта на Охрид и Македонија. Убавината со која располага ова мистично парче природа просто воодушевува, а фактот што за него многу малку се знае говори за неоткриените богатства со кои располага Македонија.
Сини вирови треба да бидат заштитена туристичка дестинација
Горан Момироски
















