Репортажа за планинската убавица Галичица која нуди исклучителни услови за праглајдинг над Охридското Езеро се најде во еден од најголемите дански весник „Politiken.“

Во репортажата е опишан адреналинот и позитивното искуство во височините над езерото, евтините цени, односно прекрасната глетка која ја пружи самиот град Охрид преку овој екстремен спорт.

Исто така, данските читатели имаат можност да се запознаат со традиционалните охридски специјалитети од риба, местоположбата на градот, културно-историските знаменитости и музејот на вода, односно како туристите најлесно да дојдат до Охрид.

OhridNews