Како резултат на промоцијата на туристичката понуда на Охрид, што се одржа во ноември во Прага и воспоставените партнерства и соработка со медиуми од специјализирани списанија и магазини за туризам, во најновото издание на чешкиот „ Traveltrade Gazette“ како и во шведскиот “Lysekilsposten“ и во црногорскиот “Кафе Монтенегро” објавени се репортажи за Охрид како туристичка дестинација, информираат од Локалната самоуправа.
“ Traven Trade Gazette“ е списание за туризам во Република Чешка, кое се издава повеке од 50 години, во кое во овој дел од Европа се промовирани светски познати дестинации и соработува со реномирани светски туристички агенции.
Репортажи за Охрид објавени се и во шведскиот печатен медиум „ Lysekilsposten“. Репортажата следува по посетата на репортер од списанието кој во текот на летото престојуваше во нашиот град.
На инцијатива на Амбасадата на Р.М. во Црна Гора екипа од туристичкиот магазин “Кафе Монтенегро” во летниот период престојуваше во Охрид и објави репортажа за туристичките можности на градот. Списанието “Кафе Монтенегро” излегува месечно во тираж од 30 000 примероци.
OhridNews