Европската фудбалска федерација (УЕФА) донесе одлука репрезентациите учесници на претстојното Европско првенство наместо 23 да однесат 26 играчи.

Со цел да се намалат ризиците на тимовите кои се соочуваат со недостиг на достапни играчи поради можни позитивни резултати од тестовите КОВИД-19 и следните мерки за карантин пропишани од надлежните органи, беше донесено одлука, да се зголеми списокот на играчи за сите тимови до 26 играчи. Сепак, 23 играчи е максималниот број на играчи што се дозволени на натпреварот за секој поединечен натпревар, вклучително и тројца голмани, се вели во соопштението на УЕФА.

Европското првенство во фудбал ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули.

За првпат на еден евро-шампионат ќе учествува и македонската фудбалска репрезентација.

OhridNews