Репрезентативецот Грнчаров спасуваше жива глава во Украина
02.03.14 13:11
Фудбалскиот репрезентативец Бобан Грнчаров алармира за состојбата во Украина, која веќе излегла од контрола. Дефанзивецот неодамна ја засили екипата на Тавриа, а за „Мкд.мк“ ја раскажува трогателната приказна, во која спасуваше жива глава со фамилијата.
– Ова е невиден циркус. Вчера од клубот само ни рекоа – морате да го напуштите Крим, ќе биде многу критично, доаѓа руска војска. Мојот град Симферопол е на 30 километри од Севастопол, каде што е стационирана целата руска морнарица. Со специјален автобус кој ни го обезбеди клубот, излегувавме од градот како да сме воени бегалци. На границата има војска и не пушта никој да влезе, само може да се излезе. Ама прашање е кога ќе биде целосно затворено. Сите мои колеги со семејствата, јас, мојата сопруга и ќеркичката, цела ноќ патувавме десет часа до Доњецк. Тука е помирно, а и да се случи нешто, работата да пукне, нема да биде критично како долу на Крим. Таму може да биде ептен жестоко. Не сакам да го напуштам сега моето семејство. Не е сеедно. Вчера додека бев во тренинг кампот ми се јавува сопругата да ми каже дека има пукотници пред нашата зграда во центарот на Симферопол. Сведок бев на класична воена состојба, аеродромите се затворени, војници има по улиците, кои се речиси затворени за сообраќај. Едвај дојдов до мојот стан за да го земам семејството – рече популарниот „Грне“.
Сите од клубот со специјални автобуси го напуштија градот и со авионски летоби ќе се упатат во Анталија, Турција каде ќе тренираат до почеток на украинскиот шампионат.
– Утринава имаше некои летови, нас не сместија во хотел и ни рекоа да чекаме. Ни најавија дека до вечер ќе полетаме за Истанбул. Со колегите од клубот се договоривме да се сместиме во Анталија, таму да бидеме овие неколку денови со семејствата. Мислам дека ситуацијата ќе се смири за десетина дена и дека пак ќе биде безбедно. Во Анталија можеме и да тренираме и да бидеме спремни ако првенството почне – потенцираше Грнчаров.
Тој поради новостанатата ситуација нема да настапи за македонската фудбалска селекција во контролниот дуел со Литванија, кој ќе се одигра на „Филип Втори“.
Од денес официјално започнуваат пријавите за јубилејното десетто издание на еден од најголемите спортско-рекреативни настани во Македонија – „Охрид трчаТ“, кое ќе се одржи викендот 5-7 јуни, 2026 г...
Пред нас е една тешка недела, каде имаме два тешки натпревари Во среда ни доаѓа екипата на Алкалоид, квалитетна екипа која претендира да биде во врвот на македонскиот ракомет, изјави капитенот на Г...
Во среда, 12 ноември, официјално започнуваат пријавите за јубилејното десетто издание на еден од најголемите спортско-рекреативни настани во Македонија – „Охрид трчаТ“, кое ќе се одржи викендот 5-7...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.