Женската ракометна репрезентација го претрпе и вториот пораз 31-24 во двомечот со Русија во квалификациите за Европското првенство на крајот од 2014 година.

Русинките благодарание на разликата стекната во првиот дел (18-9) го „зграпчија“ целиот плен и во вториот натпревар со Македонија.
Со двете победи над македонките селекцијата на Русија обезбеди пласман, а само теорија ја води репрезентацијата на Македонија на ЕП во Унгарија и Хрватска.
Фото : „Спортмедиа.мк“
Мх.П.










