Среќата ни се насмевна, добивме  посакувана група во и сега се од нас ќе зависи. Со добри подготовки  можеме да бидеме најпријатното изненадување на шампионатот.
– 
Добивме посакувни противници, да се  разбереме нема слаби селекции на Европското првенство, но во секој  случај мора да бидеме задоволни од ждрепката. Сигурно дека Чешка е  селекцијата против која ќе ја бараме нашата шанса. Сигурно дека и тие се  задоволни што не добија нас за противник. Носителот во нашата група,  Германија е селекцијата против која може да се носиме и да се надеваме  на победа, Шведска е селекција во подем и исто така не е противник од  кој треба да стравуваме – смета пивотменот Ванчо Димоски.
   Најдобриот македонски ракометар за минатиот век Пепи Мансков, е оптимист  дека можеме да ја минеме прелиминарната група и да се најдеме во  главната фаза во Белград.
  – На хартија коцките се поклопија, останува да видиме што ќе се случува  на  терен. Како играч се концентрирав натпревар за натпревар и тие  треба да се подговтват така. На мечот со Шведска очекувам да дадат 200 %  и уште тогаш да се отворат картите – рече Манасков, при гостувањето во  МТВ по ивлекувањето на групите  
Селекторот Шундовски потенцираше дека е задоволен од ждребот и дека добивме репрезентации со кои може да се надигруваме  
 
 – Добар е распоредот, имаме одлична можност да постигниме што е можно  подобар успех, а тоа е пласман во вториот круг – истакна Шундовски.
  
 М.П 
					 
					
						© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by  Ohridnews.com