Ретко кој дебитант на мундијалите може да се пофали дека веднаш се изборил за пласман во нок аут фазата, тоа му успеа на репрезентацијата на Словачка. “Црвено-белите“ го освоија второто место во групата, од игра го “исфрлија“ актуелниот освојувач на трофејот Италија. Херој на словаците е стрелецот на три погодоци од вкупно четири напаѓачот Роберт Витек.
Неуверливата игра низ квалификациите и пласманот преку баражот на Уругвај не ветуваше дека ќе имаат блескаво издание на завршницата од мундијалот во Јужна Африка. “Племето“ со победите над Јужна Африка и Мексико, ремито без голови со Франција ги лансираше на првото место во групата. Селекторот Оскар Табарез одлично го вклопи “убиствениот“ тандем Луис Суарез и “семоќниот“ Диего Форлан кои заедно постигнаа три погодоци од вкупни четири. Челичната одбрана на чело со голманот Муслера не дозволија да биде загрозена нивната мрежа на три натпревари.
Преставниците од “жолтиот континент“ Јужна Кореја и Јапонија обезбедија пласман во 1/8 финалето полесно од очекувањата. “Црвените“ со победата над Грција на големо си ја отворија вратата за наредната фаза додека со ремито против Нигерија го заверија 1/8 финалето. “Самураите“ со шест бодови го зазедоа второто место веднаш зад Холандија. Јапонија во првото коло го изненади Камерун и светската јавност со минималната победа. Во последното коло од групата на Јапонија и одговараше да остане непоразена во натпреварот со Данска, избраниците на Такеши Окада не остадоа ништо на случајност предводени од Хонда и Оказаки ја преслушаа Данска и го зациментираа пласманот во наредната фаза.
Популарните “јенки“ максимално ја искористија бледата форма на Анлгија во фазата по групи пласирајќи се на првото место. Киксот на Роберт Грин, враќањето од “мртвите“ со Словенија и победничкиот погодок на Лендон Донован во натпреварот со Алжир покажаа колку е стабилна репрезентацијата со чело на селекторот Боб Бредли.
0 . . бројот на голови кои ги постигнаа репрезентациите на Алжир и Хонудрас
1 . . е за Швајцарија, една победа, едно реми, еден пораз, еден даден и еден примен гол
7 . . Португалија и Аргентина постигнаа најмногу голови во првата фаза, за разилка од Аргентина,Португалија сите седум гола ги постигна на еден натрпевар
12 . . Најслабата одбрана ја имаше Северна Кореја, која го намачи Бразил на стартот, за да потоа се случи распад на системот
101 во 48 . . 101 гол беше постигнат во 48 – те одиграни натпревари во првата фаза. Просечно по 2.1 гол на натпревар.
Во 1/8 финалето од мундијалот ќе се сретнат:
26/06 16:00ч Уругвај – Кореа
26/06 20:30ч Америка – Гана
27/06 16:00ч Германија – Англија
27/06 20:30ч Аргентина – Мексико
28/06 16:00ч Холандија – Словачка
28/06 20:30ч Бразил – Чиле
29/06 16:00ч Парагвај – Јапонија
29/06 20:30ч Бразил – Португалија
Видео СП : Топ три погодоци и грешки
СП : Седмицата на Португалија, хет-трикот на Игуаин, “семоќните“ Стојковиќ и Пастон









